Во Законот за трговски друштва (ЗТД) кои стапи во сила на 08.05. 2004 год. конечно и во Македонија, ревизијата добива место кое таа го има во современите пазарни стопанства. Во услови на типични пазарни стопанства , каде што во најголем дел има состојба на одвојување на сопственоста над друштвата од управувањето со друштвата како резултат на се поголемото движење на капиталот кое ги надминува и националните граници, единствен начин за контрола на располагањето и оплодувањето на капиталот е ревизијата на финанасиските извештаи. Со ревизијата се зголемува употребната вредност на финансиските извештаи, и истите даваат поголема сигурност за актуелните и потенцијалните инвеститори, банките и другите корисници на финансиските извештаи.
Кој може да врши ревизија согласно ЗТД?
Во ЗТД , уште во чл.3, каде што се објаснуваат употребените термини, е решена дилемата кои може да врши ревизизорски работи, а тоа е лице (“овластен ревизор”) кое врши ревизија согласно Законот за ревизија. Во чл.3 од Законот за ревизија децидно е кажано дека:
“Ревизија врши друштво за ревизија.
Ревизија може да врши домашно и странско правно лице за ревизија под услов да е регистрирано за вршење на таква дејност во Република Македонија, согласно овој закон и Законот за трговските друштва.”
Друштвото за ревизија „ИНФОС Д“ ревизијата ја врши согласно Меѓународните стандарди за ревизија при што се придржува на Кодексот на етика на професионални сметководители на IFAC, Законот за ревизија и ЗТД .
Друштвото за ревизија „ИНФОС Д“ ги врши следниве ревизии
1)Ревизија на годишни сметки и финансиски извештаи
2)Ревизија на консолидирана годишна сметка и консолидираните финансиски извештаи.
3) Посебна ревизија на барање на содружници
4) Ревизија при оснивање на акционерски друштва
5) Ревизија при зголемување на основната главнина на друштвата со ограничена одговорност од резервите
6) Ревизија во постапка на зголемување на основната главнина на акционерските друштва од средствата на друштвата
7)Ревизија на спогодбата и планот за поделбата на трговските друштва
Освен ревизиите задолжителни по ЗТД, ревизии може да се побараат и по други законски и подзаконски акти. Така на пример за да добијат лицена за настап во натпревари во организација на УЕФА, фудбалските клубови, од лиценцната комисија при ФФМ се обврзани да направат ревизија и тоа една класична ревизија на финансиските извештаи и ревизија според МРС 4400 , во кои ревизорот треба да даде мислење дали клубот ги задоволува пооделни строги барања на УЕФА.
Друштвото за ревизија ИНФОС Д забележителен успех покажува и при ревизиите на проекти финансирани од Европската бана за обнова и развој како и од други европски финансиски институции.
Со оглед дека ревизијата на финансиските извештаи на средните и големи трговци е задолжителна обврска согласно Законот на трговски друштва, кај повеќето од друштвата тоа се разбира и како непотребен трошок . Од тие причини нашето ревизорско друштво настојува, освен како трошок, ревизорските услуги да се разберат и како корисно средство со кое би се откриле и исправиле некои неправилности во сметководствениот систем, а исто така стоиме на располагање и во текот на целата година за бесплатни косултантски услуги. Со ваков пристап, оваа година кај нашите клиенти откривме доста неправилности кои за даночни цели би предизвикале штетни последици во иднина.
КЛИЕНТИ НА ДРУШТВОТО РЕВИЗИЈА „ИНФОС Д“ рапсределни по дејности
| ДЕЈНОСТ |
КЛИЕНТИ БРОЈ |
| 1. БАНКИ И ШТЕДИЛНИЦИ |
3 |
| 2. ЗЕМЈОДЕЛСКИ КОМБИНАТИ |
4 |
| 3. РУДАРСКО ИНДУСТРИСКИ КОМБИНАТИ |
2 |
| 4.РАДИОДИФУЗИЈА |
2 |
| 5. УСЛУГИ |
5 |
| 6. ПРОИЗВОДСТВО |
4 |
| 7.ИГРИ НА СРЕЌА |
2 |
| 8.ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА |
2 |
| 9.ИНФОРМАТИКА |
2 |
| 10.ГРАДЕЖНИШТВО |
2 |
| 11.ТУРИЗАМ |
1 |
| 12. ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ |
4 |
| 13.ГРАФИЧКА ДЕЈНОСТ |
2 |
| 14.СПОРТ |
4 |
| 15.ТРГОВИЈА СО НАФТА И ДЕРИВАТИ |
1 |
| ВКУПНО |
40 |