За нас
Друштвото за ревизја

Ревизија
Друштво за ревизија ИНФОС-Д

Услуги

Наши услуги

Организациона шема

Шемата на Инфос-Д

Понуда

Сакате понуда

Извештај за транспарентност

Тимот на Инфос-Д

Контакт

ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ 

1.

Друштвото за ревизија “ИНФОС Д” Скопје е на 01.07.1995 год. како една од првите  приватни фирми во Македонија  за овозможување услуги  во областа на судските вештачења, сметководството , финансиите како  и други консултантски услуги.

      Во текот на месец мај  2000 год. друштвото доби  времено решение за вршење работи   во областа на ревизија на финансиските извештаи, а во  2003 год.  од Министерството за финансии доби трајна дозвола за работа . (ДОКАЗ: Официјална веб страна на Министерство за финансии) 

2.

Друштвото е организирано како друштво со ограничена одогворност со следната структура на уделите: 

    СОДРУЖНИК ВИСИНА НА ВЛОГОТ %
    ДИМИТАР АНДОНОВСКИ 239.475 75
    ЉУБИЦА ЈОАНИДИС 79.825 25
    ВКУПНО 319.300 100
 

3.

Работите на ревизија  во друштвото ги вршат: 
 

1.Дипл.екк. ДИМИТАР АНДОНОВСКИ, содружник  и воедно менаџер на друштвото

Има работно искуство од 30 години од кои 25 години во областа на финансиски и сметководствен консалтинг и судски вештачења.

Има завршено Економски факултет во Скопје во 1974 год. и положен испит за овластен ревизор.

Овластен судски вештак 

Овластен судски проценител  со општи овластувања при Основниот суд Скопје 1 

2.Дипл.екк. ЉУБИЦА ЈОАНИДИС,  ревизор , содружник во друштвото

Завршила Економски факултет во Скопје во 1999 год.  и положила испит за овластен ревизор.

Овластен судски вештак.

Пред  само завршување на  постдипломски студии на Економскиот факултет на отсекот “Сметководство и ревизија”  

3.Дипл.екк. АЛЕКСАНДРА НИКОЛОВСКА, аситент ревизор

Завршила Економски факултет во Скопје во 2003 год отсек сметководство и ревизија

Посетува постдипломски студии на Економскиот  факултет отсек “Сметководство и ревизија”

4. дипл.екк. ЕЛЕНА ЈОШЕВСКА, асс. ревизор

Завршила Економски факултет во Скопје во 2004 год отсек сметководство и ревизија

5. дипл. ек. ВЛАДИМИР АНДОНОВ

Завршил Економски факултет во Скопје во 2006 год отсек сметководство и ревизија. Посетува семинар за инвестициони советници 
 

Во периодот на  зголемена ревизорска активност  ( март-јуни) друштвото ангажира надворешни соработници: 

6.Дипл.екк СТОЈАН ЈОРДАНОВ, овластен ревизор , содружник во друштвото за ревизија “ЦЕНСУМ” 

7.Дипл.екк РАЈЧО ВАСИЛОВ, ревизор, во постапка на завршување на испитот за овластен ревизор, сопственик на друштвото за деловни услуги “БИРО ЕКОНОМИК” од Скопје 

8. Дипл.екк. ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВСКИ, овл.ревизор 
 

4. 

Работата на ревизија  на финансиските извештаи  и другите ревизорски услуги е раководена,  организирана и координирана од управителот Димитар Андоновски, овластен ревизор. Друштвото има развиено  интерен софтвер за ревизорски услуги преку кои се планираат договорените ревизии и кој овозможува контрола на квалитетот на  работата на ревизорските тимови. 

Друштвото во целост се придржува кон Меѓународниот стандард за квалитет бр.1  кои стапи во сила на 15.07.2005 год во поглед  на: 

      -одговорноста на менаџерот  за квалитетот на ревизиите во рамките на фирмата,  релевантните етички барања во врска на независноста, извршување на агажманите  , природата, временскиот распореди  и обемот на спореведените ревизорски постапки и сл.

      -документирање  на сегој сегмент од спореведените ревизии преку електронско водење на ревизорските постапки при што се нагласува потребата за докажување на независноста, начините на испитување и прибирање на ревизорските докази.

      -доедукација  на вработениот персонал преку  стимулирање на нивното професионално образовие од надворешни извори и преку подучување во рамките на фирмата. Веќе во 2006 год двајца вработени ќе се стекнат со титулата “Магистер по сметководство и ревизија” при Економскиот фактултет во Скопје. Исто така два пата годишно ( септември и фебруари) се одржуваат интерни семинари во рамките на друштвото за едукација на персоналот  и имплементација на ИФРС , МРС како и нтерните процедури на друшвото. 
 

      Независноста како битен елемент од барањата на Меѓународните ревизорски стандард и  Кодексот на етика на IFAC се врши со правилен избор на ревизорски тимови од страна на управителот. како и со периодична  ротација на ревизорските тимови кај ревизии со договорен подолг ангажман. Од друга страна сите ангажирани лица  се запознаени со елементите  за независност на ревизорската работа и се должни да го известат управителот во сите случаи каде што сметаат дека таа е загрозена. 

      Вработените во друштвото редовно беа испраќани на семинари кои се одржуваа во рамките на УСАИД – проект за јакнење на финасискиот сектор.Со оглед дека овој проект заврши, во очекување на започнување со работа на Институтот за овластени ревизори , дооедукацијата се врши со посетување на семинари од консултантските куќи во Македонија поготово кај оние кај кои се обработуваат теми  од МСФИ. 

ОСТВАРЕНИ ПРИХОДИ  ВО 2007
 

    ВИД НА ПРИХОД ИЗНОС %
    1.Приходи од ревизија 2.696.202 84
    2.Приходи од консултантски услуги    507.300 16
    ВКУПНО 3.203.502 100
Сите права се задржани! Друштво за ревизија Инфос-Д 2007